Следи нѐ
To Top

Нов филм од серијалот „Осмиот патник

Режисерот Нил Бломкамп ќе го режира новиот филм од серијалот „Осмиот патник“, чиј продуцент ќе биде Ридли Скот, јавија американските медиуми.

– Мислам дека ова е официјално мојот нов филм, наведе Бломкамп на неговиот Инстаграм профил.

реклама

Филмот, наводно ќе се случува по настаните во филмот „Прометеј“, чиј режисер беше Скот.

Засега е непознато дали Сигурни Вивер, кој глумеше во четири филма од серијалот од 1979 до 1997 година, ќе настапи и во новиот филмско остварување на „Осмиот патник“.

По пауза од 15 години Скот ја возобнови франшизата „Осми патник“ во 2012 година со филмот „Прометеј“, во кој Вивер не беше дел од актерската екипа.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Промо

error: Содржината е заштитена со авторски права.