Следи нѐ
To Top

ФОТО: Снежен град на Попова Шапка

Стотина деца од повеќе основни училишта од Прилеп, Куманово, Виница, Скопје и Тетово учествуваат во изградбата на фигурите од снег во рамките на манифестацијата Снежен град што оваа година под името Снежна Бајка за првпат се одржува на Попова Шапка.

Организатор на активноста е Детскиот културен центар Карпош од Скопје. Досега Снежниот град се одржуваше во детското одмаралиште Бунец на Маврово, но од годинава е решено Попова Шапка да биде домаќин на манифестацијата.

реклама

Според директорката на ДКЦ Карпош, Ружа Ѓорѓеска, освен забавен настанот има и образовен и рекреативен каракатер бидејќи децата се дружат и преку ден додека работат на и со снегот, а во вечераните часови одржуваат квизови, маскенбали и спортски натпревари.

– Покрај тоа што децата имаат можност да изградат најразлични снежни фигури, тие се рекреираат и креативно го искажауваат она што го поседуваат зашто сепак голем напор е да се работи со снег, бидејќи има неколку етапи при самата градба. Снегот мора да се натопка убаво, потоа се прават снежни коцки и од нив се градат најразлични фигури, изјави Ѓорѓеска.

Според најавите од организаторите меѓу фигурите што годинава се предвидени да бидат изградени се Саат кулата од Прилеп, Триумфалната порта од Скопје, слон, композиција од санки и повеќе геометриски фигури .

Затворањето на овогодинешниот Снежен град е предвидено за в недела кога ќе има и музички хепенинг на кој ќе настапи и Драган Мијлаковски. Децата од целата земја ќе можат да ги видат снежните фигури што ги изградиле нивните другарчиња во рамките на Снежниот караван што предвидува нивна посета на Попова Шапка и уживање со Снежната Бајка.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

  • Започнува уписот на ученици во средните училишта

    Во јавните средни училишта во Македонија денес и утре е првото пријавување и запишување на учениците во прва година во учебната...

    Информативна Редакцијафевруари 19, 2015
  • Нов земјотрес во Охридско

    Земјотрес со магнитуда од 2,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 3:52 часот во Охридскиот регион. реклама

    Информативна Редакцијафевруари 19, 2015
  • Топло до 38 степени, од недела заладување

    Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од...

    Информативна Редакцијафевруари 19, 2015
error: Содржината е заштитена со авторски права.