Следи нѐ
To Top

Париз: Шест квадрати за 76.000 евра

На прв поглед огласот на агенцијата за недвижности која се наоѓа на улицата Мобеж во деветтиот арондисман изгледа привлечен, но потребно е да се погледне во деталите на огласот за да се види дека станот не е толку евтин, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Станот, кој се наоѓа во една зграда од типот на Осман, се продава за само 76.000 евра, но, станува за еднособен стан, со само една просторија со површина од 6,2 метри квадратни, Односно овој микро-апартман се продава за 12.258 вера за еден квадратен метар, што според весникот „Паризиен“ е на нивото на најскапите станови во Париз.

реклама

Сопственикот на станот не може ниту да го изнајмува како постојана резиденцја, за која се потребни минимални девет метри квадратни, ниту како сезонско изнајмување за што се потребни најмалку седум метри квадратни. 

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

error: Содржината е заштитена со авторски права.