Следи нѐ
To Top

Препораки за заштита од поплави по најавите за нови врнежи

Поради најавите за нови обилни врнежи од дожд и снег во западните и јужните делови на земјата во недела на 22 февруари, Координатвното тело денеска упати препораки за заштита од евентуални поплави. 

Во овие делови од земјата, според УХМР, под влијание на влажен бран од Медитеранот се очекуваат обилни врнежи на дожд, каде локално се очекува да наврнат над 20 литри на метри квадратни, а на планините снежната покривка ќе се зголеми.

реклама

Координативното тело повторно упати препораки до градоначалниците, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Центарот за управување со кризи (ЦУК), ЕВН, Армијата на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи.

Во препораките се наведува градоначалниците да ги стават на готовност сите расположливи ресурси и да ги мобилизираат кризните штабови и во нив да ги вклучат, претставници од ЦУК, ДЗС и МВР. Градоначалниците кои имаат потреба од дополнителна помош од технички ресурси да се обратат до ДЗС и да ги информираат месните заедници за најавената дестабилизација на временските услови.

Континуирано да се следи водостојот на реките, да се следи и нивото на акумулациите.

Единиците на локалната самоуправа да интервенираат на мостови каде има опасност од задржување големи наноси од надојдените реки.

Сите граѓани кои сметаат дека се загрозени да се обратат на бесплатниот број 195 на ЦУК.

Припадниците на МВР и Министерството за одбрана да бидат подготвени за интервенција.

Возачите навремено да се информираат за состојбата на патните правци од страна на АМСМ.

Координативното тело апелира до месното население да помага и да се активира.

Надлежните институции, како што се наведува во соопштението од Министерството за транспорт и врски, се во постојана координација и комуникација се со цел навремено да се преземат превентивни мерки за избегнување од евентуални несакани последици.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

error: Содржината е заштитена со авторски права.