Следи нѐ
To Top

Стартап фирми ги презентираа своите идеи пред потенцијални инвеститори

Македонски стартап фирми по тримесечната обука организирана од македонско-американсакта компанија „New man’s business accelerator“ денеска ќе ги презентираат своите идеи и производи пред потенцијални меѓународни и домашни инвеститори.

Станува  збор за девет тимови од Македонија, еден од Хрватска и пет од Словенија кои ќе се претстават пред фондови од Велика Британија и Словенија, како и  пред македонски успешни претприемачи кои се заинтересирани да видат што е она што младите нови претприемачи го подготвуваат.

реклама

– По тримесечната интензивна претприемачка програма на која учествуваа нашите стартап тимови денеска сме на првиот „demo day“ на кој ќе ги претстават своите идеи и производи пред потенцијалните домашни и странски инвестоитори. Станува збор за претприемачка програма која ги таргетира младите луѓе кои имаат иновативни идеи, но им треба поддршка во делот  на едукација како да ја развијат и тестираат идејата на пазарот и дали воопшто треба да се развива и рализира и како да ја донесат својата компанија, тим и производ до момент кога ќе бидат спремни да примат инвестиција. Целиот процес трае осум месеци со намера во следните сезони да се скратува, изјави Ирена Чаушевска, генералниот менаџер на „New man’s business accelerator“, првиот бизнис акцелератор во Македонија.

Таа посочи дека најголемиот  дел од стартап бизнисите се во областа на информатичката технологија, потоа  следат креативните индустрии, паметни уреди и паметно користење на обновливи извори на енергија.

– Засега се неопходни осум месеци обука, бидејќи претприемачката сцена во Македонија е во самиот зачеток. За овие три месеци има одличен напредок кај сите тимови и затоа ја организираме денешната средба. Целта е да може да се дојде до инвестирање на стартап компаниите од страна на странските инвестиори, а уште подобро би било доколку бидат поддржани и од македонски инвестотори, бидејќи на тој начин проектот има повеќе шанси за успех, потенцира Чаушевска.

Заменик-министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска истакна дека Владата на Република Македонија е партнер на бизнис акцелераторот уште од првиот ден на основањето и го помага на секој можен начин.

– Владата неодамна распиша јавен повик за кофинасирани  грантови за млади претприемачи за стартапи кои изнесуваат најмногу до 30.000 евра, од кои 85 проценти ќе бидат финасирани од Владата, а 15 од самите компании. Вкупната  вредност на програмата изнесува 600.000 евра и ги повикувам стартапите кои се дел од бизнис акцелераторот да се јават на повикот и да добијат поддршка од Владата, рече Арсовска Томовска.

Таа нагласи дека сепак е многу подобро кога инвестициите ќе дојдат од самите претприемачи, од странски и домашни инвестициски фондови и од домашни компании.

– Затоа би сакале да ги поканиме инвестиоторите кои се денеска присутни да се уверат во креативните идеи и одличните производи на компаниите кои денеска ќе се презентираат  и со нивна помош, менторстово, знаење и искуство во водење на бизнис да придонесат еден ден да го комерцијализираат својот производ и да станат успешни компании, прецизира Арсовска Томовска.

Татјана Забасу од РСГ Капитал, фирма од Љубљана за управување со финасиски капитал посочи дека досега инвестирале во Словенија и некои делови од Хрватска, а сега се во процес на зголемување на инвестициите во Македонија и некои други балкански земји.

– Сметаме дека во Македонија има добра стартап заедница. Тука сум за да видам што имаат стартап компаниите од Бизнис акцелераторот да презентираат, рече Забасу.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.