Следи нѐ
To Top

Рита Ора со дополнително обезбедување на доделување на Оскарите

Пејачката Рита Ора вечерва ќе настапува на доделување на Оскарите, а нејзиното обезбедување ќе биде засилено.

Ора ќе добие уште неколку членови од обезбедувањето поради скапиот накит што ќе го носи. Таа ќе смени два фустани, а во живо ќе ја изведе песната „Grateful“, која е номинирана за Оскар и е насловна нумера на филмот „Beyond the lights“.

реклама

– Сакам да изгледам што е можно поубаво. Во првиот фустан ќе бидам оргинална, а во вториот секси. Среќна сум што имам неверојатна екипа и фустани од неверојатни дизајнери – Вера Ванг и Макрез, истакнна Ора.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.