Следи нѐ
To Top

ВИДЕО: Џон Леџенд ги расплака и мажите на доделувањето на оскарите

Џон Леџенд и „Комон“ на овогодишната менифестација на доделувањето на наградите на Американската филмска академија го освоија Оскарот за најдобра песна за композицијата „Glory“ од филмот за човековите права „Селма“, што предизвика бурни овации од страна на присутините, но и многу емоции и солзи.  

По изведбата на оваа песна на синоќешната манифестација во Лос Анџелес сите станаа на нозе, а некои присутни во салата, меѓу кои и мажи, дури и заплакаа.

реклама

Меѓу „плачковците“, кои ги „уловија“ камерите, беа Дејвид Ојелово, кој во филмот „Селма“ го толкуваше ликот на Мартин Лутер Конг, како и Крис Пајн, кого очигледно многу го погоди расната тематика.

Многумина овие солзи им ја припишуваат на „американската патетичност“, но и на предоскаровските критики затоа што сите номинирани актери за оскарите беа белци.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

error: Содржината е заштитена со авторски права.