Следи нѐ
To Top

Ноќ на „Оскари“: Филмот „Човек птица“ голем победник на 87-то издание на „Оскарите“

Филмот „Човек птица“ („Birdman“) на режисерот Алехандро Ињарта е големиот победник на 87-та церемонија на доделување на наградите на Американската филмска акадмија, освојувајќи ги оскарите за најдобро филмско оставрување, за режија и за оригинално сценарио.

На церемонијата што синоќа се одржа во Лос Анџелес, оскарот за најдобра главна машка улога го доби Еди Редмејн за рољата во филмот „The Theory of Everything“ („Теорија на се“), додека наградата за женска главна улога и припадна на Џулиен Мур за толкувањето на ликот на жена заболена од Алцхајмерова болест во филмот „Still Alice“ („Се уште Алис“).

реклама

_81170897_hi026013858[1]

Оскарот за епизодна машка улога го доби Џеј.Кеј. Симпсон за фимот „Whiplash“, а во истата категорија кај жените „златното човече“ и припадна на Патриша Аркет за рољата во „Boyhood“ („Растење“).

Наградата на Академијата за најдобро адаптирано сценарио му припадна на Греам Мур за филмот „The Imitation Game“, додека сценаристите на „Човек птица“ – Алехандро Ињата, Николас Џаковоне, Александер Динеларис јуниор и Армандо Бо го добија оскарот за оригинално сценарио.

_81170901_gaga[1]

За најдобар филм од неанглиското говорно подрачје е прогласен полскиот „Ида“ на Павел Павликовски, а Оскорот за најдобар анимиран филм го доби „Big Hero 6“.

Оскарот за најдобар документарен филм го освои „CitizenFour“, за краткометражен „The Phone Call“, а за кус документран филм „Crisis Hotline: Veterans Press 1“.

Наградата за филмска музка ја доби Александер Дисплат за филмот „The Grand Budapest Hotel“, а за најдобра нумериа изведена на филм е прогласена „Glory“ на Џон Леџенд од филмот „Селма“,

„The Grand Budapest Hotel“ ги доби оскарите и за костимографија (Милена Канонеро), за шминка (Франсис Ханон и Марк Кулие) и за сценографија (Адам Стокхаузен и Ана Пинок).

Оскарот за звук и монтажа го добија Крег Ман, Бен Вилкинс и Томас Карли за „Whiplash“ и Роберт Мареј и Баб Асман за „American Sniper“, за визулени ефекти Пол Франклин, Ендрју Локли, Јан Хантер и Скот Фишер за „Interstellar“ у за монтажа Том Крос за „Whiplash“.

Водител на овогодишната манифестација на доделување на оскарите беше Нил Патрик Харис.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Настани

error: Содржината е заштитена со авторски права.