Следи нѐ
To Top

Облачно, со услови за дожд

Времето во Македонија во текот на денешниот ден ќе биде претежно облачно. Претпладне и околу пладне ќе има врнежи од дожд, но доцна попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб, долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. 

Утринската температура ќе се движи од 2 до 8, а дневната од 8 до 13 степени целзиусови.

реклама

Во Скопје и околината ќе биде претежно облачно, претпладне со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветар. Минималната температура ќе биде до шест степени, а максималната до 11 степени целзиусови.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд 26 литри на метар квадратен се наврнати во Пожаране, 24 во Гевгелија, 20 во Тетово, 17 во Лазарополо, 14 во Крушево, 13 во Маврово, 11 во Прилеп, 9 во Струмица, 8 во Битола, Куманово и Тополчани, 5 во Охрид и Штип, три во Скопје и Виница, два во Крива Паланка и Демир Капија и еден во Берово и Кавадарци.

Најниска температура утрово од -1 е измерена во Маврово, во другите делови од земјава температурите изнесуваа над нулата. Лазарополе и Крушево 0, во  Тетово два, во Прилеп, Берово, Крива Паланка три, Куманово, Охрид, Битола четири, во Скопје и Кавадарци пет, во Штип, Струмица и Виница шест, Демир Капија седум и во Гевгелија и Дојран осум степени.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

error: Содржината е заштитена со авторски права.