Следи нѐ
To Top

Студентите и МОН се согласија за нов закон за високо образование

ФОТО: А1ОН

На втората средба меѓу претставниците на Студентскиот и Професорскиот пленум, МОН, Владата, универзитетскиот сенат во Ректоратот на УКИМ се дојде до согласнот да се донесе целосно нов закон за високо образование.

реклама

На средбата присуствуваа министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, заменик-министерот Спиро Ристовски и вицепремиерот Зоран Ставрески.

Претставници на Студентскиот пленум се Стефан Видиков и Ивана Туфегџиќ, како и професорките Гордана Силјановска и Сузана Ќофкаровска од Професорскиот пленум.

На средбата присуствува и претседателот на СПУКМ Кирил Спироски чиј мандат е веќе одмана поминат.

Од Студентскиот пленум повторно нагласија дека нема никакви шанси да се согласат со воведувањето на државен испит како дел од реформскиот пакет за високото образование.

Студентите ги имаат окупирано сите факултети и прогласени се за автономни зони, а од таму не заминуваат според претходните најави се додека не се укине Законот за високо образование.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.