Следи нѐ
To Top

Времето денес: Облачно со повремен дожд, на планините снег

Времето ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Наместа врнежите ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи.

Пообилни врнежи се очекуваат во југоисточните и источите делови на земјава, а веќе во доцните попладневни часови интензитетот на врнежите ќе се намалува. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од јужен правец.

реклама

Утринската температура ќе се движи од два до шест, а дневната од пет до 12 степени.

Во Скопје во текот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, особено повеќе ќе бидат изразени околу пладне и попладне. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на облачно време со повремени врнежи од дожд, а само на повисоките планини се очекуваат повремени врнежи од снег. Не се очекува некоја позначителна промена на температурата на воздухот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.