Следи нѐ
To Top

Популарно.мк се враќа: Содржината ни ја избришаа, но ентузијазмот не можат да ни го одземат

Точно пред седум дена, редакцијата на Популарно.мк беше жртва на голема неправда и директно прекршување на повеќе закони и основни човекови права.

Преку ноќ, без никакво известување или најава, беше избришана целосната содржина која нашата редакција ја објавуваше изминатите три години. Целиот авторски труд, интервјуа, репортажи, фотографии – сѐ избришано во момент од неколку секунди.

реклама

Против сторителот на ова кривично дело е поднесена соодветна тужба, а нашата редакција потврдува дека случајот ќе биде решен и произлезен на виделина.

– „Содржината можеби ни ја избришаа, незаконски преку ноќ, но креативноста и ентузијазмот не може никој да ни ги одземе, ниту да ги избрише – бидејќи тоа е моќта која ја има нашиот тим и која го одржува во живот Популарно.мк изминатите три години! Најавивме повторно враќање и денеска го исполнуваме тоа, продолжуваме таму каде што застанавме.“ – изјавува Ѓорги Селков, главен уредник на Популарно.мк.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.