Следи нѐ
To Top

Која винарија има капацитет на шишиња еднаков на бројот на жители на Македонија?

Како земја која е надалеку позната по своето вино, Македонија има вински брендови кои се квалитетни, препознатливи, но и имаат големи капацитети, кои се извезуваат на различни страни на светот.

Сепак, само една има капацитет со просек од речиси едно вино по жител на Македонија. Тоа е винаријата Бовин, која во 2001 ја постигна оваа цел, а во изминатите 14 години успеа да дојде и до трпезите во многу Европски држави, Северна Америка, Африка, Австралија и Азија.

реклама

Оваа информација со гордост ја сподели г-дин Ѓорѓи Тренев, Директор на Бовин, кој заедно со енологот на винаријата, г-дин Пено Бинов, ја претставија широката понуда на Бовин производи на „медија бранч” во Бар Форца.

Настанот е продолжение на кампањата за ширење на винската култура преку вински едукативни работилници, која отпочна со почетокот на работа на новата, винска супермаркет приказна во Бар Форца.

IMG_9016

”Винската едукација е неопходност за нас, како народ кој ужива во овој пијалак. Имам позитивни зборови за винариите, чија приказна надополнета со дегустација на нивните производи е најдобар начин да ја доживееме нивната приказна. Дополнително, винскиот едукативен концепт овозможува комплетно ново искуство, кое за првпат е овозможено во овој формат во Република Македонија”, изјави еден од присутните на винскиот бранч во Бар Форца.

Ова е последната недела со која завршува првиот дел од караванот на Вино во фокус во Бар Форца. Од Бар Форца најавуваат и втора етапа на винарии во фокус. Секоја недела, посетителите ќе можат да уживаат во еден од брендовите, чии вкусови ќе бидат промовирани со попуст на, веќе постоечките, супермаркет цени на вината.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.