Следи нѐ
To Top

ВИДЕО: Науката позади „мистериозниот фустан“ кој го збуни светот

Дамите кои го збунија целиот свет ја имаат приказната поврзана со фустанот, но ниту едната ниту другата не очекувале дека ќе го збунат целиот свет.

Фотографијата е поставена на Tumblr од страна на 21 годишната Кејтлин МекНил. Фустанот предизивикал хистерија поради венчавка на нејзини пријатели, а истиот требала да го носи мајката на невестата. Но, приказната почнува вака.

реклама

fustan-500[1]

По бурните реакции на Фејсбук, Кејтлин одлучила сликата да ја постави и на Tumblr каде реакциите само се зголемиле. Коментар за фустанот дала и Тејлор Свифт. Но, Кејтлин ја решава мистеријата и открива.

-Отидов на венчавката и го видов фустанот во живо, верувајте ми тој е сино-црн, напишала Кејтлин.

Сепак научниците имаат детално објаснување позади овој феномен. Имено, секој човек различно ги гледа боите поради силината на светлината во позадина, поради што настанува ефект кој го збунува мозокот и различно ги перцепира боите.

Вистината е дека сите гледаме во фустан кој е синоцрн, меѓутоа кај некои од нас мозокот се „збунува“ и различно ги толкува боите.

Погледнете го видеото за подетално објаснување:

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Видео

error: Содржината е заштитена со авторски права.