Следи нѐ
To Top

Грипот сѐ уште коси: За една недела над 3,000 заболени граѓани

За една недела регистрирани 3.326 заболени од грип. Сезоната бројката се искачи на 13.800, објави порталот Здравство24.

Најмногу заболени има во Скопје и Тетово. Епидемиолозите велат дека сега е пикот на ова заболување и очекуваат бројот на заболени да расте. На Клиниката за Инфективни болести нема пациенти со потешка клиничка слика. За разлика од европскиот регион каде доминира Х3Н2, во Македонија најголем број од потврдените случаи се грип од тип Б.

реклама

Минатата недела до вирусолошката лабораторија на Институтот за Јавно Здравје пристигнале 30 материјали за тестирање на грип, од кои 12 се тестирани како позитивни за присуство на вирусот на инфлуенца (3 инфлуенца А; 1 инфлуенца А/H3N2; и 8 инфлуенца Б).

Од почетокот на сезоната 2014/2015, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РМ биле анализирани вкупно 128 примероци. Од позитивните, 16 материјали се конфирмирани како инфлуенца А (37,2%), а кај 27 е докажано присуство на инфлуенца Б вирусот (62,8%). Од инфлуенца А позитивните, два материјали се конфирмирани како инфлуенца A/H1N1, 7 се конфирмирани како инфлуенца А/H3N2, а 7 се нетипизирани инфлуенца А вируси.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.