Следи нѐ
To Top

Иван Босиљчиќ за Популарно.мк: „Моите настапи се љубовна приказна искажана низ стиховите“

ФОТО: Иван Јосимовски / Популарно.мк

Српскиот актер Иван Босилчиќ на 7 март во Универзалната сала во Скопје по вторпат ќе одржи музичко-поетска вечер насловена како „Пар стихови за нас“.

реклама

По минатогодишниот настап, кој беше исто така организиран во пресрет на Денот на жената, Босилчиќ повторно ќе се претстави пред македонската публика со перформанс во кој ќе се испреплетуваат стиховите и музиката.

Екипата на Популарно.мк имаше ексклузивна можност да разговара со младиот актер:

„Минатата година во „Универзална сала“ имав уникатна поетска вечер на која како актер пеев одбрана музика која сите многу добро ја знаеме – музика од ’60те години па се до денес. Тоа е мојот музички вкус, а сигурно ќе се согласите и вкусот на многумина. Покрај тоа, на сцената се преставив со светска и домашна поезија, затоа што поезијата е мојата стара љубов. Тоа е одлична комбинација за ваков прекрасен празник кој во себе го гаи чувството на почит и сакање.“ –  вели Босилчиќ.

100_9248

Иван вели дека неговиот концерт не е само осмомартовски поклон за дамите, туку и за сите оние ќе дојдат да го видат.

„Моите настапи се една претстава, една љубовна приказна искажана низ стиховите и убавите ноти“ – низ смеа раскажува српскиот актер.

Иван во Скопје дојде заедно со неговата сопруга Јелена Томашевиќ, која интензивно работи на својот нов албум.

100_9250

„Јелена го завршува својот албум, ги снима последните песни кои ги работи во студиото на Дарко Димитров и они се во моментов во студиото и напорно работат додека ние тука се забавуваме и разговораме. Се надевам дека ќе имате прилика да поразговарате и со Јелена за повеќе детали поврзани со нејзиниот нов албум.“ – ни објаснува Иван.

На прашањето дали Јелена ќе има свој настап на неговиот концерт, тој одговори дека Томашевиќ повеќе уживала да биде во публика и да го слуша неговиот настап, но истото било и во другата ситуација, односно на сите нејзини настапи Иван уживал да биде во публиката и да го слуша нејзиниот настап.

100_9247 (1)

Тој, како што рече, не сака да настапува во големи сали бидејќи неопходно му е да го види и последниот човек во редот во лице затоа што само така стиховите можат да се кажуваат.

Настапот на Босилчиќ во Универзална сала започнува од 20:30 часот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Интервју

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.