Следи нѐ
To Top

Првиот ден од март облачно со сончеви периоди

Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб локален дожд. Во претпладневните часови во југозападните делови од земјава ќе има слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. 

Утринската температура ќе достигне до пет, а дневната до 16 степени.

реклама

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе достигне до 13 степен.

Утре ќе има преодно стабилизирање на времето, а од вторник следи период на променливо облачно и врнежливо време со поинтензивни врнежи кон средина на неделата. На крајот на работната недела врнежите најчесто ќе бидат од снег и ќе има пониски дневни температури.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

error: Содржината е заштитена со авторски права.