Следи нѐ
To Top

ВИДЕО: Епилептичен напад при скок со падобран

Австралиецот Кристофер Џонс за време на скок со падобран доживеал епилептичен напад, но благодарејќи на инструкторот кој го отворил неговиот падобран, успеал безбедно да доскокне на земјата.

Животна желба на Џонс била да стане пилот, но тоа било невозможно бидејќи му била дијагностицирана епилепсија. Откако четири години бил без напади, решил да проба скок со падобран за да доживее барем малку од она што го доживуваат пилотите, јави Еј-Би-Си Њуз.

реклама

– Отсекогаш сакав да почувствувам како е да се лета, па бидејќи не можам да управувам со авион, скокот го избрав како алтернатива, изјави 22-годишниот Џонс.

Инструкторот Шелдон Мекфарлајн со својата камера ја снимил цела драма со епилептичниот напад на Џонс во воздухот и видеото потоа го објавил на интернет. За помалку од 24 часа записот имал повеќе од 3,6 милиони прегледи.

На видеото може да се види како забавниот скок за секудна се претвора во хорор кога инструкторот Мекфарлајн забележува дека Џонс се превртел на грб и дека се наоѓа во безсознание.

Џонс се освестил на околу 900 метри од земјата и сигурно доскокнал. Тој бил во несвест повеќе од 30 секунди и за тоа време бил во слободен пад. Во целата аватура Џонс минал без повреди и немало потреба за лекарска помош, но инстуркторите сепак му препорачаа повеќе да не скока со падобран.

– Беше тоа најстрашниот момент во мојот живот, рече Џонс.

Сепак, Мекфарлајн вели дека Џонс сигурно ќе се спуштел на земјата дури и ако не успеел да го отвори падобранот, бидејќи тој е опремен со уред за автоматска активација во случај на пребрзо приближување до земјата.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Видео

error: Содржината е заштитена со авторски права.