Следи нѐ
To Top

Драмски театар одбележува 50 години од вселување во објектот

НУ Драмски театар Скопје денеска ќе одбележи 50 години од вселувањето во постојниот објект, кој е донација на Британската влада. По тој повод, вечер ќе биде изведена претставата „Ждрело“, во режија на Зоја Бузалковска.

Билетите за претставата се по симболична цена од 50 денари.

реклама

Објектот на Драмски во Карпош 2 е отворен 1965 година со премиeра на драматизацијата „Богомилска балада“, според романот на Владо Малески „Она што беше небо“, од Милан Ќурќчинов и Илија Зафировски.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Промо

error: Содржината е заштитена со авторски права.