Следи нѐ
To Top

Концерт на Рибља Чорба со десетина гудачи на сцена

Бендот „Рибља Чорба“ на 14 март во Универзалната сала во Скопје ќе одржи акустичен перформанс „Чорба се слуша и без струја“.

Ова е еден од ретките анплагд концерти на Чорба кој ќе се реализира во придружба на десетина гудачи на сцена.

реклама

Фронтменот на групата Бора Чорба денеска во Скопје најави незаборавен два ипол часовен концерт на кој ќе бидат изведени две нови песни, како и песни кои досега поретко се изведувани.

– Мислам дека скопската публика не е навикната да ја слуша Рибља Чорба во такво издание, но убеден сум дека сите ќе излезат задоволни од салата, рече Бора Чорба на прес-конференцијата.

Концертот го организира продукцијата „Сил Вла“, а тој е дел од турнејата на Рибља Чорба. Досега вакви концерти бендот има одржано во Белград, Чачак и Ниш.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.