Следи нѐ
To Top

ФОТОГАЛЕРИЈА: Колекција Celio* пролет/лето 2015

За пролет/лето 2015 стилската инспирација на брендот Celio*доаѓа директно од Соединетите Американски Држави.

Индиго бојата е вистинска ѕвезда на колекцијата, претставена преку речиси сите групи на производи – блузи, јакни, маици…

реклама

Тексас јакните и палтата во индиго боја создаваат нови правила на елеганција и се промовираат како носечки парчиња на лежерниот стил.

Новитет во оваа колекција се фармерките кои се мешавина на класичен џинс и трико што ги прави екстремно практични и удобни.

На тој начин мажите може слободно да се движат без да изгубат во поглед на стилот и елеганцијата.

Еден од останатите трендови на сезоната е рокерскиот дух со спортски примеси, изразен преку употребата на темни нијанси, сива и бела во форма на “кул” парчиња за младите и активни момци. Изгледот е дополнет со додатоци како ранци или торби кои се носат странично.

Третата, летна инспирација доаѓа од плажите, избледените бои и пастелни нијанси, како и принтовите со егзотични мотиви, застапени кај сите летни парчиња од колекцијата.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.