Следи нѐ
To Top

ФОТОГАЛЕРИЈА: Се играше во салса ритамот на Тумбао Салса Бенд во Универзална сала

Насмеани лица се слеваа како река од Универзална Сала по завршувањето на првиот концерт на Тумбао Салса Бенд.

Концертниот простор беше со целосно изменет лик токму за овој настан: палми, море, плажа, песок, коктели…

реклама

Она што дополнително ја подгреа атмосферата беше тоа што седиштата во партерот беа извадени, па просторот пред бина беше претворен во подиум за танцување.

Петар Ренџов не ја штедеше својата енергија и постојано се симнуваше меѓу публиката, а не се воздржуваа и неговите колеги- гостите од Куба, Азафран Микс.

Присутните коментираа дека се чувствуваат како навистина да се на Куба, а не во Скопје. Меѓу публиката, беше и претседателот на Р. Македонија, Ѓорѓе Иванов кој заедно со своето семејство уживаше во салса ритамот.

Тумбао Салса Бенд барем за момент успеаа да ни ја доловат позитивната енергија која ја носи летото. За сите што го пропуштија вчерашниот концерт, денес има реприза на истото место со почеток од 20:30.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.