Следи нѐ
To Top

Четири дена посветени за дамите во Скопје Сити Мол

Меѓународниот ден на жената и оваа година, ќе добие посебно внимание од Скопје Сити Мол.

Овогодишниот избор падна на создавање на посебен град, посветен само на дамите. Од 5-ти до 8-ми март, Женскиот град во Скопје Сити Мол ќе ги разгали дамите на посебен начин – со широка понуда на козметика и козметички производи, експерски панел дискусии на актуелни и секојдневни теми, како и здравствени совети и совети од областа на модата.

реклама

Сепак, она што ќе даде посебен шмек на женскиот град е присуството на познати македонски заводници – дел најавени, но и изненадувања кои Скопје Сити Мол ги чува во тајност.

„Веруваме дека „Женски град” е модерен, интерактивен настан со кој на вистински начин ќе го честитаме Меѓународниот ден на жената на понежниот пол. Одлучивме годинашната програма, покрај широката палета на производи кои дамите ќе можат да се најдат во Женскиот град, да ја фокусираме и на советување и дискусии на теми кои се нивно секојдневие. Истакнати професионалци и експерти ќе ги водат панелите, а истите ќе бидат од отворен тип. Во забавниот дел, ќе има многу изненадувања, вклучувајќи ги и дел од најпосакуваните ергени во земјата, па веруваме дека тоа е доволна покана до дамите – Повелете, Женскиот град Ве очекува”, велат од Скопје Сити Мол.

Женскиот Град ќе биде свечено отворен денес, на 5-ти март.

Programa Zenski grad

Забавниот дел започнува уште вечерва, со гостувањето на Влатко Стефановски во 18:00 часот. Во петок во 13:00 часот, Женскиот град ќе го посетат дел од ракометарите на РК Вардар, Игор Карачиќ и Стојанче Стоилов. Викендот, е приказна за себе и посебно изненадување – овие два дена Женскиот град ќе биде домаќин на едни од најпосакуваните ергени, кои ќе им го честитаат празникот дамите и ќе се дружат со своите фанови.

Четири дена посветени само на дамите беше главната инспирација при реализацијата на овој мал град. Дополнително, сите посетителки ќе имаат ексклузивна можност за зачленување во Женскиот Клуб на Скопје Сити Мол, во кој сите членови би добивале интересни бенефиции и можности за забава и дружење.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.