Следи нѐ
To Top

Силен дожд и снег ја зафати Црна Гора, поплави по јадранскиот брег

Црна Гора е затрупана од снег, по јадранското крајбрежје врне силен дожд, поради што некои патишта се затрупани од активираните свлечишта и движењето во овие делници е во прекин, соопшти црногорската полиција.

Повеќе населби и села во северниот дел на земјата останаа без електрична енергија.

реклама

Заради снегот забрането е движењето на камиони во поголем дел од земјата. Патот кон границата со Босна и Херцеговина е затворен за сите категории превозни средства.

Во текот на последните два дена на територијата на Херцег Нови наврнаа 135 литри дожд на квадратен метар и има поплавени куќи.

Силен дожд врне и  во Подгорица, Никшиќ и Цетиње, а во северниот дел на земјата паѓа снег. Снежната покривка во скијачкиот центар Жабљак, што до неодамна надминуваше еден метар, сега се зголеми за уште половина метар. Нов снег падна и во Колашин, Бијело Поље, Плевље, Беране, Плав и Рожаје.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Uncategorized

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.