Следи нѐ
To Top

Меѓународен ден на жената – 8 Март

Во Македонија денеска се одбележува Меѓународникот ден на жената – 8 Март. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.

По тој повод Советништвото за култура и информации при Амбасадата на Република Турција со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија организира концерт во Домот на АРМ на тема „Турската музика во Македонија“.

реклама

Меѓународниот ден ќе се одбележи и со велосипедска тура  низ Скопје која е дел од манифестацијата „Вечери на женски права“ организирана од UN Women во Скопје, во соработка со Институтот за родови студии при Скопскиот универзитет, Универзитетот за аудиовизулени уметности – ЕСРА и Градот Скопје.

Велосипедската тура претставува приклучување кон глобалната кампања „Планета 50:50 до 2030 – Заедно за родова рамноправност“.

Ќе стартува од Порта Македонија до Фонтаната во Градски парк, а велосипедите бесплатно ги обезбедува за учесниците ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.

За сите припаднички на понежниот пол во трговскиот центар Скопје сити мол се одржува Женскиот град кој им нуди козметика, експертски панел дискусии на актуелни и секојдневни теми, како и здравствени совети и совети од областа на модата.

Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум. Следната година, на 19 март 1911, овој празник првпат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. На 8 март 1913 година жените ширум Европа одржуваат мировни собири.

По победата на болшевиците во Русија, а по иницијатива на Александра Колонтај, 8 март е прогласен за државен празник.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.