Следи нѐ
To Top

Викендот во Скопје 26 сообраќајки

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 26 сообраќајни незгоди.

Во петок, на 6 март, извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и пет се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, тројца сопатници и еден пешак.

реклама

Во сабота, на 7 март, извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди, од нив пет се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повредна во кои со полесни повреди се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило, осум сопатници и еден пешак.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден сопатник, а со телесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и четворица сопатници.

Во недела, на 8 март, извршен е увид на вкупно шест сообраќајни незгоди и истите се со последица материјална штета.

Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 25 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај. Триесет и седум возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 11 возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, како и 20 возачи кои поминале на црвено светло на семафорот.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие три дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 96 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работлници во ОУ „Браќа Рамиз и Хамит“ кое се наоѓа на територија на општина Шуто Оризари со учениците од второ одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.