Следи нѐ
To Top

Облачно со снег на повисoките места

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно. Во западните и крајните северни делови ќе има повремени врнежи од дожд и снег, додека пак на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од три до осум степени.

реклама

Во Скопје времето претежно ќе биде облачно со повремен слаб дожд особено попладне и во текот на ноќта. Не е исклучено дождот да премине краткотрајно во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до пет степени.

Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремен дожд и слаб снег, на југоистокот врнежите ќе бидат претежно од дожд, додека на планините од снег.

Во четврток и петок ќе дува умерен северен ветер кој на моменти наместа ќе засилува.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

error: Содржината е заштитена со авторски права.