Следи нѐ
To Top

Осмата „бомба“ на СДСМ ги открива изборните нерегуларности: Заев побара преодна влада

ФОТО: YouTube Screenshot

Во неколку поединечни објавувања на телефонски разговори може да се слушнат разговори за печатење на лични карти пред изборите, злоупотреби на изборен материјал, притисоци, поништување на гласање, организирање на гласање од страна на починати лица итн.

реклама

Како што велат од опозицијата, пренесува Радио Слободна Европа, објавените телефонски разговори се меѓу министерката за внатрешни работи  Јанкулоска, министерот за транспорт и врски Јанакиески, заменик министерот за образование Спиро Ристовски, вицепремиерот Зоран Ставрески, директорот на УБК Сашо Мијалков, генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, како и други соговорници кои зборуваат за изборни манипулации.

2329EA07-1EF6-4073-9362-779145D08431_mw1024_s_n[1]

ФОТО: Радио Слободна Европа

Овие документи се сопственост на Република Македонија и на нејзините граѓани, изјави Зоран Заев вечерва од трибината во Универзалната сала.

– „Се е вистина од почеток до крај. Груевски и Мијалков го урнисале уставното уредување на Македонија, создале пара држава во која тие се се, и обвинителство и судствсо и судбина. Одовде назад нема. Оваа влада веќе нема легитимитет, оваа влада веќе не е влада на Република Макеоднија. Од оваа говорница од името на СДСМ и коалиционите партнери барам владата на Груевски веднаш да поднесе оставка, јавниот обвинител Марко Зврлески, веднаш да поднесе оставка раководниот тим на МРТ веднаш да поднесе оставка“ – рече Заев.

– „Бараме да се формира формат на преодна влада која ќе има доверба да ги обезбеди условите за демократски и фер избори во Македонија. Обврска ќе биде да обезбеди целосно раслојувајње на владејачките партии и нивно департизирање како основен предуслов за демократски избори. Во новата влада нема да може да учествуваат лица кои на каков било начин учествувале во криминални дејствија“ – порача Заев.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.