Следи нѐ
To Top

Времето денес: Слаби врнежи од дожд, на планините снег – од недела затоплување

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има слаби врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со кратки сончеви периоди и со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Температурата ќе достигне до 8 степени.

реклама

Највисока снежна покривка во Македонија изутринава е измерена во Марворо, 93 сантиметри. Триесет и седум сантиметри се измерени во Ѓуриште, 35 во Пожаране, 28 Лазарополе, 27 Крушево, 23 Пожар, 9 Крива Паланка и 3 во Берово..

Во изминатите 24 часа се наврнати 4 литри дожд на метар квадратен во Крушево и Тополчани, 3 во Скопје-З.Рид, Дојран, Крива Паланка, Битола, Прилеп, Берово и Виница, 2 во Струмица, Гевгелија Демир Капија и Маврово и по еден во Охрид,, Куманово, Тетово, Лазарополе и Пожаране.

Најстудено изутринава беше во Маврово, каде се измерени минус 7 степени целзиусови. Во Крушево се измерени -3 степени, – 2 во Лазарополе, Охрид, Битола, Дебар и Претор, -1 во Берово, Крива Паланка и Прилеп, 0 во Струмица, 1 Скопје-Петровец, Тетово, Демир Капија, Виница, 2 Куманово, 3 Скопје-З.Рид и Штип, 4 Гевгелија и Дојран.

Според УХМР, и во наредните два дена ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со услови за повремен локален дожд, а на планините локален снег. Потоа ќе преовладува стабилно и суво време со постепен пораст на дневната температура.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

error: Содржината е заштитена со авторски права.