Следи нѐ
To Top

Премиера на Дизниевата „Пепелашка“, ФХ3Х дел од ефектите

Пепелашка“, најновиот филм од продукцијата на Волт Дизни во режија на Кенет Брана вечер премиерно ќе биде прикажан во Скопје. На визулените ефекти на филмот работеше и екипа на македонката компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х. 

Во овој визуелен спектакл за добро познатата безвременска љубовна насловната улога ја игра Лили Џејмс, а во улога на шармантниот принц е Ричард Мејден. Инаку, актерската постава ги вклучува и маестралните Кејт Бланшет во улога на злобната маќеа и Хелена Бонам Картер како добрата вила.

реклама

Од ФХ3Х информираат дека на филмот работеа 60 артисти, кои во период од четири меесеци изработија над 60 кадри.

– На проектот работевме од јуни до октомври 2014 год како дел од тимот на нашиот клиент МПЦ, велат од македонската компанија.

Приказната на „Пепелашка” ја следи судбината на младaтa Ела чиј татко-трговец се преженува по трагичната смрт на нејзината мајка. Со желба да го поддржи нејзиниот грижлив татко, Ела ја прифаќа својата нова маќеа, г-ѓа Тремејн, и нејзините ќерки Анастасија и Дризела во семејниот дом. Но, кога таткото на Ела одеднаш и неочекувано починува, таа паѓа во немилост на љубоморното и сурово ново семејство.

Осудена да биде слугинка, покриена во пепел и преименувана во Пепелашка, Ела лесно почнува да губи надеж. Сепак, и покрај суровоста нанесена врз неа, Ела е решена да оддаде почит на последните зборови на мајка си „да биде храбра и љубезна”. Таа нема да очајува ниту пак ќе ги презира оние кои ја злоупотребуваат.

Премиерно филмот ќе биде прикажан во киното Синеплекс со почеток во 20 часот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Видео

error: Содржината е заштитена со авторски права.