Следи нѐ
To Top

ФОТО: Средношколците бараат дијалог со МОН, во спротивно протестите ќе продолжат

„Сакаме избор“, „Преку матурава“ извикуваа средношколците од повеќе скопски училишта кои со транспаренти денеска мирно протестираа пред гимназијата „Орце Николов“, револтирани од последните реформите во средното образование.

Поддршка на учениците им дадоа и професорите, а присутни беа ученици од училиштата „Здравко Цветковски“, „Ѓорѓи Димитров“, „Никола Карев“, но и „Раде Јовчевски Корчагин“.

реклама

– „Ги поддржувам учениците во нивните намери и сум подготвен да побарам мојот предмет да не се полага на екстерното тестирање“ – изјави професор по ликовна уметност од гимназијата Орце Николов.

Средношколците предупредуваат дека овие собири ќе станат се помасовни, а ако надлежните не излезат во пресрет ќе ги радикализираат.

Според нив, не е проблем само математиката, туку и новиот начин на полагање на сите премети. Процесот ќе биде поделен во два дела, во електронска и во писмена форма. На овој начин ќе се создаде хаос, велат средношколците

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.