Следи нѐ
To Top

Упад во програмата на Канал 103 – обезбедувањето на МРТ ги отфрла обвинувањата

Во синоќешната емисија на радиото канал 103-ка директно можеше да се слушне за дрскоста и невидениот однос на обезбедувањето на МРТ-на водителот директно во емисија му бараше лична карта и да ја прекине програмата, пренесува А1ОН.

Обезбедувањето се слуша во програмата што одеше во живо дека ја спроведува наредбата на шефот и на најбеозбразен и дрзок начин на водителот му наредува да оди пред него и покрај тоа што веќе му даде лична карта и му објаснува дека се емитува програмата во живо.

реклама

Обезбедувањето упадна по поканата од радиото кое е сместено во МРТ до Стојанче Ангелов да биде гостин на емисијата, но обезбедувањето на влезот на телевизијата не го дозоволи тоа, со оглед дека за тоа треба претходна најава.

– Македонската радио телевизија не направила упад во програмата на радиото Канал 103. Радиото Канал 103 емитува програма од објектот на МРТ и МРТ нема никаква формална, организациска и програмска допирна точка со истото – реагираше МРТ.

– Сакаме да информираме дека ова е стандардна процедура за сите лица кои не се вработени во МРТ, а ги користат просториите за најразлични програмски цели, пренесува порталот НОВА повикувајќи се на изјава од агенцијата која 24 часа ги обезбедува објектите на Македонската радио-телевизија.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.