Следи нѐ
To Top

Виз Ер Скопски маратон: Трета женска трка на 5-ти април во Скопје

Во организација на Сојузот на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје, како дел од промотивните трки на Виз Ер Скопски маратон 2015, ќе се одржи 3-тата женска трка, која има за цел да им помогне на жените со вежбање за превенција од заболувања.

На 5-ти април, недела, со почеток од 10:30 часот ќе се одржи Аеробик час, а веднаш потоа, во 11:00 часот започнува и трката на 1000 метри. Место на случувањето е Градски парк, кај Школка. Право на учество имаат сите припаднички на понежниот пол од сите возрасти, а пријавувањето е најдоцна до 2-ри април. Котизацијата за учество е симболични 100 денари.

реклама

,,Женската трка која што по трет пат ќе се случува во Скопје, е со една и единствена цел: Превенцијата од заболувањата да ја започнеме со вежбање! Денешните модерни и урбани жени имаат се’ повеќе обврски, а се помалку време за себе и време за вежбање, така што оваa покана е начин тоа да се промени, сега и тука. Трките од ваков, ревијален карактер се одржуваат насекаде во светот со една иста цел, подигање на свеста кај жените да започнат со активност која позитивно ќе влијае на нивното здравје. Ги повикувам сите жени да се пријават, да учествуваат и за момент да ги почувствуваат благодетите од оваа Женска трка.- изјави Гордана Николовска од Сојуз на Спортови на Град Скопје, организатори на Виз Ер Скопски Маратон”

Сите заинтересирани жени за учество во Женската трка може да се пријават на http://skopskimaraton.com.mk/zenskatrkaprijava, а плаќањето во износ на 100 денари се врши преку сметката на Сојуз на спортови на Скопје, – 300000003225674 Комерцијална Банка.

Секоја учесничка ќе добие стартен број, со кој учествува во лотаријата. Трката има ревијален карактер, а обезбедените награди ќе се поделат со извлекување на среќни броеви.

Ова е убав начин жените да покажат дека вежбањето, забавата и наградите се идеална фузија за убав провод.

На 5-ти април учествувајте во 3-тата по ред Женска трка, која претставува дел од промотивните трки на Виз Ер Скопски Маратон.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Останато

error: Содржината е заштитена со авторски права.