Следи нѐ
To Top

11-ти Моден Викенд Скопје : Запрете, размислете и уживајте во моментот!

Единаесетото издание на Пролетниот Моден викенд Скопје, годинава ќе се одржи од 1-ви до 5-ти април, а ќе биде отворен со првоаприлскиот моден маскенбал во клубот „Станица 26“.

Колекцијата на Росица Мршиќ, пак, ќе го започне ревијалниот дел на оваа традиционална модна манифестација на 3-ти април во катната гаража „Солунски конгрес“, кое ќе биде и место на сите ревии во рамки на модниот викенд.

реклама

Манифестацијата ќе продолжи со ревии на студентите од Факултетот за арт и дизајн при ЕУРМ и изложба на професорите од истиот факултет наречена „Артерија-Антерија“.

Младите дизајнери Ивана Цветковска и Алмир Мили на презентацијата на своите колекции ќе ја поддржат и кампањата „ Да ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата – Сега! “ кон која годинава се приклучи и Моден викенд Скопје.

IMAGE 15 FINAL

Ново име на модниот настан е Дејан Тодоровиќ, кој повеќе години се занимава со дизајн, но сезонава прв пат ќе се претстави на Моден викенд Скопје.

На изданието за пролет/лето 2015 ќе бидат презентирани најновите колекции на модните куќи „Линеа“ и „Хера“, а „Фешн Груп Македонија“ ќе презентира капсулна колекција маички дизјанирани во соработка со познатата македонска блогерка Јована Зука.

Во рамки на регионалната соработка на Скопскиот Моден викенд, Ирина Тошева  на 13 април ќе ја претстави својата колекција на модната недела во Љубљана. Годинва во Скопје повторно гостуваат реномираната дизајнерка Флутура Дедиња и модната куќа „Менакон“ од Косово, а по прв пат публиката ќе има можност да ги види креациите на косовската дизајнерка Венера Мустафа и една од најталентираните млади српски дизајнерки Јована Марковиќ, која освен во Србија своите креации ги продава и во Велика Британија и Москва.

Единаесеттото издание на Моден викенд Скопје ќе го затвори модниот перформанс на Олгица Ѓоргиева .

Инаку, во продолжение на Моден викенд кон средината на април ќе бидат презентирани моделите на „Mcouture by Mila Kadriu“ чија колекција потоа ќе биде презентирана и на Serbian Fashion Week од 20 до 26 истиот месец.

Во рамките на едукативната програма од 27 до 29 март во компанијата за едукација и поддршка на млади таленти NewMan’s Business Accelerator во Скопје ќе се одржи работилница на тема „Развој на моден бизнис“ под менторство на Жан Бутон.

На 30 март, пак, на Скопски саем во рамките на бизнис програмата на Моден викенд ќе се одржи „Webinar“. Со помош на најсовремената технологија на CISCO Македонија , основачот на Global Fashion Management Тиери Бајле во живо од Лондон ќе одржи предавање и менторски сесии. На настанот освен модни дизајнери ќе присуствуваат и претставници на македонски фабрики- членки на Текстилниот кластер Македонија.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Ви препорачуваме

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.