Следи нѐ
To Top

ФОТОГАЛЕРИЈА: Вчера скопјани го плаќаа кафето со поезија

На Светскиот ден на поезијата, 21 март, граѓаните покажаа дека го сакаат кафето и уживаат во него. Оваа идеја на Јулиус Мајнл беше одлично прифатена од сите скопјани и дефинитвно ќе прерасне во традиција.

Аромите на кафето беа причина плус за големиот број собрани хартии кои беа полни со креативност, љубов и среќа.

реклама

Настан кој наиде на воодушевување од сите љубители на кафето кои беа инспирирани токму од него. По повод Светскиот ден на поезијата, оваа акција, Плати Кафе со Поезија беше поздравувана од граѓаните и привлече големо внимание. На трите локации, „Дион“ на Кеј, „Наргиле“ во Чаршија и „Паладиум“ во Капиштец, се собраа повеќе од 600-тини поезии, кои освен на македонски и албански, беа пишувани и на бугарски, турски, руски, германски, српски и англиски јазик.

Поетите кои несебично им помагаа на граѓаните и земаа учество во оваа уникатна акција, Ѓоко Здравески, Ксенија Николова, Наим Иљази Пари, Билјана Стојановска, Даниел Карески и Елена Пренџова ги одбраа најдобрите три поезии, од кои трето наградената е на 6-годишната Лука, втората награда и припадна на Зорица и поезијата која собра најголем број воздишки од поетите и го освои првото место е дело на Нора.

Парична награда и производи од Јулиус Мајнл беа дел од наградите кои отидоа во рацете на првите тројца.
Уште еднаш се докажа дека кафето на Јулиус Мајнл е најдобриот аларм кој инспирира насмевки и мисли преточени во поезија и пишан збор.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

error: Содржината е заштитена со авторски права.