Следи нѐ
To Top

Недела на патронот: Скопската гимназија „Орце Николов“ прославува 60 години постоење

Со низа настани и културни манифестации, оваа недела ќе биде одбележана 60-годишнината од постоењето на скопската гимназија „Орце Николов“.

Во рамки на неделата „Денови на Орце Николов“ во периодот од 23 до 27 март ќе се одржат  повеќе работилници, меѓу кои литературно читање, дебатен клуб и трибина, драмска секција, уметничка работилница и спортски активности.

реклама

Манифестацијата продолжува во петок, со свечена академија во Домот на АРМ, каде свое обраќање ќе имаат директорката на гимназијата и повеќе видни личности, а потоа ќе следува музички перформанс проследен со настап на познати македонски имиња.

– „По повод  60-годишниот јубилеј,  гимназијата  „Орце Николов“,  во петок, во Домот на АРМ  со почеток во 18 часот ќе одржи свеченост на која ќе учествуваат некогашни и сегашни ученици. Настанот ќе биде промоција на  креативност и уметност претставени во  музички настап  на познати македонски  имиња.“ – вели директорката Сунчица Поповска.

За младите, пак, в сабота со почеток од 19 часот во холот на гимназијата “Орце Николов“ ќе биде организиран концерт на кој ќе настапат бендови од повеќе скопски гимназии. Влезот за овој настан чини симболични 50 денари, а собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели, на двегодишно дете кое боледува од тумор. Со ова, официјално ќе бидат затворени „Деновите на Орце Николов“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.