Следи нѐ
To Top

Зошто мажите пуштаат брада?

Мажите можеби пуштаат бради за да бидат поатрактивни кај жените и да доминират над другите мажи, покажа научното истражување спроведено на мајмуни.

Според истражувањето, кое го пренесува британски Телеграф, научниците веруваат дека решиле една од најголемите загатки, зошто многу мажи во денешно време пуштаат бради.

реклама

Одговорот, според научниците од универзитетот на Западна Австралија е во тоа дека мажите имаат чувство дека се под притисок од други мажи и заради тоа се обидуваат да изгледаат поагресивно со тоа што се впечатливи.

Научниците ја проучувале тезата дека во големите заедници мажите примати развиваат живописни карактеристики кои можат да ја зголемат нивната сексуална привлечност кај женките и со тоа да се стават во подобра позиција во споредба со другите мажјаци. Тоа вклучува истакнати образи, продолжени носеви, поизразена горна усна кај мајмуните и брадата кај човекот.

Проучувани се 154 видови примати и откриени се уште истакнати карактеристики кај машките припадници  на видовите каде социјалните и физичките конфликти се вообичаени, а можноста за разликување на поединецот е ограничена.

Штом заедницата станува преполна со мажјаци расте конкуренцијата и карактеристиките стануваа повпечатливи, тврдат научниците.

Модерниот маж не само што мора да се натпреварува со стотина други мажи во вистинскиот свет, туку мора и да се истакнува меѓу илјадници потенцијални соперници во виртуелниот свет па мазно избричените мажи можат да ги одбиваат жените кои ги привлекуваат навидум силни мажи, велат научниците.

– Кога живеете во помали групи каде сите се познават, нема потреба за нагласување на квалитетот и конкурентноста преку украси,изјави шефот на истражувањето, Сирил Грутер.

– Во големите групи каде поединци се опкружени со непознати лица треба брз и   сигурен начин да се процени нечија сила и квалитет и на тоа место „влегуваат“ живописните украси. Во случајот кај луѓето, тоа може да вклучи и фенотипски додатоци како украси на телото, накит и престижни симболи.

Научниците истакнуваат дека мустаците и брадите биле популарни меѓу британските мажи во периодот од 1842 – 1971 година, затоа што имало помалку жени за мажење и брадата се сметала поатрактивна. Исто така, во текот на 19 век се менува ставот кон мустаците и брадите на британските војници под влијание на далекуисточната култура каде зулуфите, мустаците и брадите биле знак на моќ и мудрост.

Резултатите од истражувањето објавени се во списанието Evolution and Human Behaviour.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

error: Содржината е заштитена со авторски права.