Следи нѐ
To Top

Премиера на „Брзи и бесни“, ФХ3Х дел од 7. продолжение

Македонското студио за анимација и постпродукција ФХ3Х како дел од екипата на MPC Bungalore работеше на седмото продолжение на „Брзи и бесни“, кое утре, премиерно ќе биде прикажано во Скопје, еден ден пред светската премиера.

Снимањето на филмот го одбележа ненадејната смрт на еден од водечките актери Пол Вокер, кој загина во сообраќајна несреќа во ноември 2013. Тогаш филмот „Бесни 7“ беше снимен само до половина, но процесот успешно се комплетира со користење комбинација на снимки од Вокер од претходните филмови и снимање на новите сцени со замени, меѓу кои и двајцата браќа на Вокер, Калеб и Коди.

реклама

Новиот режисер  Џејмс Ван, кој е познат автор на хорори, го подигна нивото на адреналинските сцени каде визуелните ефекти, ставени во функција на акробациите и лудите каскадерски сцени, создаваат атракција за љубителите на овој жанр.

Кристијан Даниловски, еден од сопствениците на ФХ3Х вели дека токму во контекст на визуелните ефекти, предизвиците биле поголеми од претходните делови.

– Кадрите кои ги добивме беа особено тешки и претставуваа поголем предизвик. Зошто е тоа така ќе видите во самиот филм. Велат: добрите ефекти се најдобри кога не се забележуваат. Проценете сами, вели Даниловски.

Дејството на филмот продолжува една година откако екипата на Дом (Дизел) и Брајан (Вокер) се враќаат во Америка со помилување за нивните прекршоци. Ги гледаме како се прилагодуваат кон животот, овојпат од вистинската страна од законот, но нивниот живот добива некоја нереална димензија.

Во ова продолжение на режисерот Ван се враќаат веќе познатите актери Michelle Rodriguez, Jordana Brewster, Tyrese Gibson, Chris “Ludacris” Bridges, Elsa Pataky and Lucas Black.  Овој пат, им се придружуваат и ѕвездите Jason Statham, Djimon Hounsou, Tony Jaa, Ronda Rousey and Kurt Russell.

Премиерата на седмото продолжение на „Брзи и бесни“ ќе биде на 2 април во киното Синеплекс во 19:45 часот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.