Следи нѐ
To Top

Почувствувани пет земјотреси во Дебарско

Серија од пет земјотреси се регистрирани ноќеска во дебарското епицентрално подрачје. Како што соопшти Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, земјотресите биле со јачина од три до пет степени според Европската макросеизмичка скала, со епицентри 110 километри југозападно од Скопје. 

Првиот е регистриран во три часот и 57 минути (со интензитет од четири степени), вториот во четири часот и 14 минути (со интензитет од пет степени), третиот во четири часот и 18 минути (со интензитет од три до четири степени), четвртиот во четири часот и 30 минути (со интензитет од три до четири степени) и петтиот во шест часот и 54 минути (со интензитет од четири до пет степени).

реклама

Според досегашните макросеизмички податоци, овие земјотреси освен мала вознемиреност кај населението не предизвикале материјални штети.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.