Следи нѐ
To Top

Археолозите револтирани од високите казни на нивните колеги

Македонското археолошко научно друштво иницираше собирање потписи за поддршка на нивните седуммина колеги кои се осудени на вкупна затворска казна од 30 години.

Во петицијата која е насловена „Археолозите не се криминалци“ пишува дека казните се премногу големи и невообичаени за нашето судство.

реклама

– „Системскиот проблем на несоодветни складишта во нашите музеи и недостигот од елементарни услови за правилно и за безбедно складирање на вредни артефакти, не се и не можат да бидат маскирани на овој начин. Општествената одговорност не може и не мора да има само лични имиња. Ве молиме, потпишете ја оваа петиција како поддршка за нашата молба за правда на нашите колеги и на нашата професија“, пишува на петицијата.

Освен петицијата, Македонското археолошко друштво, в понеделник во 11 часот, ќе одржи прес-конференција на која ќе зборуваат за пресудите на нивните колеги, лошите услови во институциите и неоодветните законски регулативи.

Петицијата можете да ја потпишете на следниот линк: http://www.ipetitions.com/petition/archaeologists-are-not-criminals

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.