Следи нѐ
To Top

Македонија под влијание на циклон: Заладување со дожд и снег

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините со повремен снег. Во централите делови од земјава врнежите ќе имаат послаб интензитет. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус два до пет, а дневната од шест до 12 степени.

реклама

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен повремено засилен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Врнежите што следат на некои повисоки места ќе се менуваат од врнежи од снег во врнежи од дожд особено во утринските и претпладневните часови во западните делови од земјата, но и во понеделник кон крајот на денот и ноќта кон вторник. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и јужните делови од земјата каде што на повеќе места ќе наврнат и над 25 литри на метар квадратен.

Од вторник утринските температури ќе опаднат и ќе бидат во интервал од -3 до 4. Ќе бидат пониски и дневните температури, особено во северните делови од земјата, а слаби врнежи од дожд кои ќе престануваат ќе преминуваат во слаб снег и на некои повисоки места. Од втората половина на наредната недела се очекува стабилизирање и благ пораст на температурите.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

error: Содржината е заштитена со авторски права.