Следи нѐ
To Top

Во прекин патот Струга – Ќафасан, забрана за камиони на неколку правци

Поради обилни врнежи од снег сообраќајот на патниот правец од Струга кон граничниот премин Ќафасан од 7 часот е во прекин за сите видови на возила.

Претходно Авто мото сојузот на Македонија соопшти дека поради остатоци од снег на коловозите, забрани за движење на тешки товарни возила има на планинските премини Стража и Пресека, како и на патните правци крак Маврово – Дебар и Тетово – Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси. За патничките возила движењето е отежнато и се препорачува употреба на зимска опрема.

реклама

Поради отежнатите услови во западниот дел од државата, за патување до Охрид и Струга од АМСМ препорачуваат да се користи патниот правец Скопје – Велес – Прилеп – Битола.

На останатите државни патишта сообраќајот се одвива по влажни коловози.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.