Следи нѐ
To Top

Саем за вработување и кариера „Контакт 2015“

Саем за вработување и кариера „Контакт 2015.“ ќе се одржи денеска на Технолошко-металуршкиот факултет во организација на студентските парламенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии, на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство, на Машинскиот и Технометалуршки факултет.

Саемот ќе го отвори заменик-министерката за информатичко општество Марта Арсовска-Томовска.

реклама

Целта на настанот е да ги поврзе работодавците со студентите, преку овозможување директна промоција на компаниите, како и претставување на искуството и знаењата на студентите.

КОНТАКТ е саем за вработување и пракса, кој им овозможува на студентите да се запознаат со можностите кои ги нудат компаниите на пазарот, преку директен контакт со претставниците од компаниите. На тој начин, студентите би се запознале со начинот на работа на компаниите и условите кои треба да ги исполнуваат за вработување или добивање практикантска работа.

Компаниите кои ќе учестуваат на овој настан, преку стекнување увид во знаењето и вештините на студентите, на лесен начин ќе може да направат една селекција на кадарот кој им е потребен и им се овозможува еден брз и лесен пристап до  профилот на студентите.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.