Следи нѐ
To Top

ФОТОГАЛЕРИЈА: Затворено единаесеттото издание на „Моден викенд Скопје“

Со колекцијата „Одбери ја својата бајка“ дизајнерката Олгица Ѓоргиева го затвори единаесеттото издание на Моден викенд Скопје вчеравечер во катната гаража „Солунски конгрес“.

Колекцијата за пролет/лето 2015 на Ѓоргиева која ја сочинуваат десет ексклузивни креации беше прикажана низ моден перформанс на танчерите од „Prima Danza“ и манекенките од модната агенција „Подиум“. Моделите се надополнети со неколку детски креации кои се најава за наредниот проект кој следува од „ГО Ѓоргиева Олгица“.

реклама

На последниот ден на Моден викенд Скопје со „Пролетна магична приказна“ дебитираше Јагода Пачемска од арт- студиото за цвеќе „ФА-БУ “. Пачемска презентираше ексклузивни креации изработени од свежо цвеќе.

Модната куќа „Менакон“ (со модели достапни во „Adora for You“ во Тетово) од Косово пред домашната публика ја претстави колекцијата „Спиритуализам“. По нив „Linea Collection“ донесе колекција инспирирана од Африка со современи елементи, животински принтови во лелеава летна варијанта и нови интерпретации на стандардните риги.

Дејан Тодоровиќ учествуваше за првпат на Моден викенд Скопје со колекцијата „Happy collection“ составена од 20 претежно елегантни вечерни фустани во црна, сива, сребрена и дискретно златна боја.

Модната куќа „Hera Couture“ претстави колекција за актуелната сезона инспирирана од биографијата на легендарната Марија Калас .

Посетителите ги видоа маичките од мини колекцијата „Џинсоманија“ на „Фешн Груп Македонија“ дизајнирани во соработка со блогерката Јована Зука како и меѓународната фото изложба „Модата и културното наследство“ организирана од Британски совет во Македонија и Британскиот моден совет.

На 17 април во организација на Моден викенд Скопје ќе се одржи презентацијата на најновата колекција на „Mcouture by Mila Kadriu“ во скопската винарија „Камник“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

error: Содржината е заштитена со авторски права.