Следи нѐ
To Top

Двајца натпреварувачи од Скопскиот маратон ќе трчаат на маратонот во Њујорк

Како се наближува Виз Ер Скопски Маратон, така расте возбуденоста, адреналинот и неизвесноста кај сите оние кои годинава имаат план да трчаат и да бидат дел од него. Од 2007 година, па до денес, маратонот се оддржува по повод Денот на Европа, 9-ти мај.

Виз Ер Скопски Маратон кој ќе се одржи на 10 мај, е под покровителство на Град Скопје, Европската Унија и Агенцијата за млади и спорт. Оваа година главниот спознор Виз Ер, доделува бесплатен ваучер на сите учесници на маратонот во износ од 20 евра кој може да се искористи преку wizzair.com

реклама

За што подобра промоција и информираност за маратонот, Виз Ер Скопје Маратон Експо е саемот кој за прв пат оваа година ќе се одржи од 7-ми до 9-ти мај, три дена пред Виз Ер Скопски Маратон. Ваков вид на саем традиционално се оддржува во секоја светска метропола каде што се трча Маратонот.

Важно да се напомене дека претпоследниот, односно втор рок за пријавување и плаќање за Виз Ер Скопски Маратон е до 10-ти април. Цените за пријавување кои важат до 10-ти април се: 300 денари за трката на 5 км, 850 денари за маратонската и полумаратонската трка, 3000 денари за екипа на учество на штафетниот маратон. После овој датум цените се зголемуваат, а поради пополнување на предвидениот број на учесници пријавувањето може да биде и затворено пред последниот предвиден рок за тоа, 4 мај. Пријавувањето се врши преку веб старната на маратонот www.skopskimaraton.com.mk

Во склоп на Виз Ер Скопски Маратон ќе се одржи Државното првенство на Македонија во маратон. Новитет е штафетниот маратон за кој постои голем интерес. Интересно е да се спомене дека по пат на лотарија, двајца македонски натпреварувачи/ки ќе имаат можност да трчаат на Њујорк Маратонот, кој ќе се одржи на 11 ноември 2015 година, со кој Виз Ер Скопски Маратон оствари соработка.

Овие детали, како Популаризација на спортот како начин на водење на здрав живот, поголема свест кај луѓето за спортување- во здраво тело, здрав дух, се дел од причините зошто маратоните се популарни, а саемите се едни од најпосетените низ светските метрополи. Виз Ер Скопје Маратон Експо, саемот по повод Виз Ер Скопски Маратон е со тенденција да стане традиција кај нас е саем кој ќе биде центар за сите учесници, спонзори, светски спортисти и познати личности.

Оваа година подигнувањето на стартните пакети за учесниците во сите трки на Виз Ер Скопски Маратон ќе биде на Виз Ер Скопје Маратон Експо. Во периодот на одржување на саемот влезот на Маратон Експо ќе биде бесплатен.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Останато

error: Содржината е заштитена со авторски права.