Следи нѐ
To Top

Лепа Брена во јуни со голем концерт на „Филип Втори“

Најголемата балканска пејачка, ѕвездата на поранешна Југославија, единствената Лепа Брена, во јуни ќе го полни македонскиот спортски храм, арената Филип Втори.

Откако ги наполни стадионите од Вардар до Триглав, неколкукратно ги полнеше и концертните сали во најголемите градови на просторот на поранешна Југославија, Лепа Брена се враќа на скопски терен.

реклама

Стадионот во главниот град ќе биде место каде што Брена ќе потсети зошто нејзиното име сеуште е синоним за балканска музичка ѕвезда. Многу веројатно ќе почне со „Чачак“ а ќе заврши со „Љубав чувам за крај“, последниот хит кој што и после една година премиера не се симнува од врвот на балканските топ листи.

„Пази коме завидиш“, „Уџи слободно“, „Бриши ме“, „Не бих ја била ја“, „Бибер“, „Југословенка“, „Пожели сречу другима“, „Голубе“…се само еден многу мал дел од она што ќе биде репертоар на тој концерт во Скопје. Предвиден е да трае повеќе од 4 часа. Освен најголемите хитови на ѕвездата за која своевремено пишуваа сите светски медиуми а за која се снимаа и филмови, на сцената на Филип Втори ќе ги угости и своите најголеми пријатели и соработници.

Организаторот на концертот Балкан Медија, најавува спектакуларна сцена, осветлување и озвучување какви што нејзината продукција и менаџмент обезбедија за концертите во белградска арена. Техника со која неколкучасовното музичко уживање ќе добие една сосема поинаква и музичка и визуелна димензија.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда 15 април, на стандардните продажни места: Розе – Веро 2, Југотон, Пола Југотон, локалните кафулиња и плоштади низ државата и продажната мрежа на купикарти за се.

Датумот на концертот и цената на влезниците…наскоро!!!

Ако сакате да бидете дел од музичката историја која што во јуни ќе се пишува на Филип Втори, обезбедете влезница на време…за да раскажувате. Не да ви раскажуваат!!!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.