Следи нѐ
To Top

Трет ден бојкот во училиштата: Средношколците од две скопски гимназии избркани од училишниот двор

ФОТО: Дарко Поповски / Популарно.мк

Трет ден учениците ја бојкотираат наставата во средните училишта. 

реклама

Утрово во неколку гимназии меѓу кои Раде Јовчевски Корчагин и Ѓорги Димитров, учениците се пожалија дека им биле затворени вратите од страна на директорите и им било оневозможено да влезат во холот на училиштето.

– „Кога дојдовме во училиште видовме дека нашиот двор е заклучен и дека не можеме да пристапиме до него. Без никакво образложение, како ученици од трета и четврта година, бевме избркани од училиштето од страна на директорот, со образложение дека не сме во нашата смена, а дека сме имале намера да ги повикуваме останатите ученици на бојкот.“ – изјави матурантка од гимназијата Корчагин.

Според информациите на пленумците, во ГУЦ „Здравко Цветковски“ од Скопје, учениците вчера биле заклучени, но од надворешна страна и не им било дозволено да влезат во училиштето доколку не одат на настава. Затоа учениците вчера останале во дворот. Потоа училиштето го посетила и инспекција.

Од вчера вонредни родителски состаноци има во сите училишта каде што се бојкотира наставата. Родителите во најголем број ги поддржуваат своите деца, но и тие се пожалија на притисоци.

Велат од нив било побарано да потпишат писмени изјави за бојкотот и за полагање на математика како дел од државната матура, во спротивно им било речено дека ќе се соочат со санкции. Бојкот на наставата денеска ќе има и во Tетово, Куманово, Велес и Охрид.

Средношколскиот пленум најави радикализација на мерките откако надлежните од Министерството за образование и наука не најдоа време да се сретнат со нив ниту да одговорат на нивните барања кои пред повеќе од две недели написмено ги доставија до нив.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.