Следи нѐ
To Top

Укинати забраните за камиони на Стража и Маврово – Дебар

Од осум часот изутринава е нормализиран сообраќајот за камиони  на планинскиот премин Стража. Претходно во 6:45 часот е укината забраната за камиони на патот крак Маврово – Дебар. 

Според Автомотосојузот на Македонија, од вчеравечер во 21:45 часот е нормализиран сообраќајот на патниот правец Катланово – Велес, кој беше блокиран од вчера напладне од поголем одрон. Поради внимателност, во должина од 500 метри сообраќајот се одвива по една коловозна лента за што е поставена дополнителна сообраќајна и светлосна сигнализација.

реклама

Се уште е во целосен прекин сообраќајот на патот Прилеп -Ресен, кој е блокиран од свлечиште.Сообраќајот се пренасочува низ градот Битола. Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози, а во западниот дел од државата со остатоци на снег. Врнежи од слаб снег се бележат на Ѓавато.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

На патниот правец Удово – Гевгелија, на клучката кај с.Марвинци, сообраќајот се одвива по една коловозна лента. На регионалниот пат Гевгелија – локалитет „Смрдлива вода” во местото викано „Длабок дол”, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лентa поради појава на свлечиште.

АМСМ соопштува и дека на патниот правец  Крупиште – Пробиштип кај село Неокази има попуштање на патот преку двете коловозни ленти (расцеп околу 20 цм). Сообраќајот е во прекин за сите видови  моторни возила, кои се пренасочуваат преку Киселица –  Ратавица –  Леговец – Пробиштип.

На територијата на Струмица поради оштетување мост на река Турија, воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на локалниот пат помеѓу селата Просениково  и Сарај, а сообраќајот се одвива по заобиколен пат. На патот Кочани – Злетово, кај село Киселица собраќајот се одвива со ограничена брзина од 30 километри на час, поради слегнување на коловозот во должина од 50 метри. Поставена е содветна сигнализација. Во општина Крива Паланка непрооден е патниот правец село Дурачка река – село Дренак во должина од 7 километри. На регионалниот пат Куманово-Кратово кај излезот на село Железница има попуштање на асфалт во должина од 10 метри и се поставени  знаци за предупредување. Пропаѓање на пат во должина од 200 метри има на патниот правец Лакавица – Неготино на 7 километри над село Лесковица, на кој е извршена санација. На местото е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На тој дел сообраќајот се одвива забавено.

Поради попуштање на мостовите на река Брегалница во прекин е и сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Трaботивиште – Разловци.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.