Следи нѐ
To Top

Лазаров: В сабота да прославиме заедничка победа за црвено-црното семејство

Одбројуваме до најзначајниот натпревар на Вардар оваа сезона и до победата која ќе го донесе најголемиот клупски успех. За да се пласира на Ф4 турнирот во Келн, на Вардар му треба позитивен резултат против Кјелце, пред сѐ в сабота во „Јане Сандански“ во 19 часот.

Навивачите се веќе во еуфорија, екипата е подготвена, потребно е само уште да се израдуваме на паркетот.

реклама

„Го играме најважниот натпревар од сезоната. Сакаме да играме на Ф4 турнирот во Келн, но ќе биде многу тешко затоа што Кјелце е голeмa екипа, екипа која е на нивoто на Барелона, Веспрем и Кил.

Добро е тоа што имавме време да тренираме и да е подготвиме, но ова е само прв натпревар, 60 минути кои се играат во Скопје, второто полувреме е во Полска. Мора да играме максимално концентрирано цел натпревар, знаеме дека атмосферата во Скопје е извонредна, тоа го видовме против Висла, но останува и втор меч во Кјелце“, изјави Раул Гонзалес на денешната прес-конференција.

Екипата е подготвена и ракометарите кои имаа мали повреди веќе работат максимално.

„Помалку или повеќе сите се подготвени, имавме една недела да се одмориме, сите тренираат, добро е што и Чипурин се враќа и мислам дека до задутре сите ќе бидат подготвени“, додаде Раул.

Капитенот Филип Лазаров вели дека ќе биде тешко и за да го поминеме Кјелце потребно е не само да ги повториме најдобрите мечеви од оваа сезона, туку и да одиграме најдобар меч досега.

„Пред почетокот на сезоната си поставивме цел да се пласираме на тој ф4, иако знаеме дека тоа е многу тешко, стигнавме до последниот чекор, а тој секогаш е најтежок. За екипата на Кјелце не треба да се трошат зборови колку е квалитетна. Меѓутоа ние се трудиме да се концентрираме на нашата ира и да се обидеме да повториме една од неколкуте одлични партии овааа година, а уште подобро ќе биде ако можеме да ја одиграме и надјобрата партија досега, затоа што ова е најважниот меч оваа сезона“, рече Лазаров.

Потврди дека в сабота ќе има масовно и организирано следење на натпреварите на ЖРК Вардар против Ѓер и овој меѓу Вардар и Кјелце и посака една заедничка голема победа на црвено-црното семејство.

„Скакаме победа против Кјелце, победа која ќе ни ги одржи шансите пред гостувањето во Кјелце за пласман на Ф4. В сабота, на барање на нашите верни навивачи, кои се наш осми играч и без нив неможеме ќе биде поставен видеобим и затоа ги поканувам сите да го проследат мечот пред салаата „Јане Сандански”. Пред нас играат и девојките од ЖРК Вардар и се надевам дека сите заедно ќе прославиме една голема ракометна сабота за црвено-црното семејство“, заврши Лазаров.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Ракомет

error: Содржината е заштитена со авторски права.