Следи нѐ
To Top

Силна експлозија пред Владата: Експлозивната направа пукнала во тревникот

ФОТО: Фокус

Силна експлозија вечерва ги вознемирила граѓаните кои живеат во близина на Владата на Република Македонија.

реклама

Екипи за антитероризам веднаш излегле на местото и од извршениот увид пронајдено е местото на експлозијата и станува збор за тревникот зад зградата на Владата, кај споменикот на НОБ. Не е направена никаква материјална штета од експлозијата, а остатоците од проективот се земени за вештачење.

Инаку пред околу 5 месеци, два проектили беа истрелани во владината зграда, што предизвикаа материјална штета, но за среќа повредени немаше. Вториот проектил го скршил ќошот од кровната конструкција на зградата. Според увидот на полицијата беше утврдено дека било стрелано со експлозивни куршуми од поголем калибар.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

error: Содржината е заштитена со авторски права.